Вевчани енергетски ефикасна општина

Размена на искуства и добри практики за изработка на локални планови за одржлива енергија и клима е темата на регионалниот настан кој се одржува во Истанбул, на која учествуваат градови и општини од држави од Западен Балкан и Турција.

Настанот е дел од активностите на проектот “ЕУ за енергетска транзиција”: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција, заеднички кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

На регионалниот настан учествува градоначалникот на општина Вевчани.

-,,Покрај зајакнување на капацитети на општина Вевчани за подготовка на локални планови за одржлива енергија и клима, општина Вевчани обезбеди финансиска поддршка за реализација на проектот ,”Кон енергетски ефикасни општини” во рамките на кој е планирано поставување на фотоволтаична централа на објектот на пречистителната станица за отпадни води”, информира градоначалникот Спасе Кочоски.

Во завршна фаза се администраривните процедури и наскоро се очекува да започнат работите за поставување на фотоволтаичната централа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани