Силен земјотрес го погоди Таџикистан

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан. Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри. Потресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван и во пограничните кинески области, каде е препорачано да се запрат патничките возови. Неофицијално, во Кина е урнат и еден рудник од силниот потрес. Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан и Авганистан.

По тој прв најсилен земјотрес, следеа потреси на земјата со јачина од 6,8, 5 и 4,9 степени според Рихтеровата скала. Се уште нема официјални информации за жртви или материјална штета. На социјалните мреѓи веќе почнаа да се шират видеа и слики од земјотресот на кои се гледа како се нишаат зградите кои се оштетуваат, а луѓето панично бегаат.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани