Нов повик за субвенции на авиокомпании

На почетокот на март ќе биде распишан новиот јавен повик за субвенционирање на нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол и Павле“ во Охрид откако претходниот беше поништен оти ниту една од пријавените авиокомпании не доставила целосна документација како што се барало. Министерот за транспотр и врски, Благој Бочварски денеска во Охрид кажа дека во моментов течат роковите за жалба по што ќе следи новата постапка со која авиокомпаниите ќе можат да аплицираат и да добијат помош од државата за отворање на нова линија од двата аеродроми.

-„Во моментов течат роковите за жалби и очекувам почетокот на март да го распишеме новиот повик Секако дека целата комисија која работи на подготвување на оваа постапка за јавен повик ќе работи активно во тоа да помогне на сите заинтересирани компании за комплетна и целосна документација со цел овој повик да биде успешен. Јас сум убеден дека ова е добра политика којашто ќе даде добри резултати за авиосообраќајот и отворање на нови дестинации за граѓаните“, кажа Бочварски.

Министерот рече дека остануваат истите услови како и во претходната постапка.Согласно уредбата повикот е со вредност од 5 милиони евра за наредните три години.

„И овојпат нема да се држиме за избор на една компанија, туку секако нашиот интерес е да влезат повеќе компании во авиосообраќајот“, рече Бочварски.

Се предвидува да се доделува финансиска поддршка од седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и од 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид.

„Тоа е усогласено со Европската комисија и во однос на интензитетот на субвенционирање ние овде го почитуваме ставот на Европската комисија бидејќи сме земја која започна преговори со ЕУ и во овој дел секако дека сме во согласност и во сите европски регулативи“, изјави министерот.

С.ВРЕНЦОВСКА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани