
Битолчанец, осомничен дека учествувал во нападот на Христијан Пендиков и истиот е приведен од охридската полиција, според првичните информации, тој се сомничи за тешка телесна повреда, поради тоа што го натепал секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, а за тоа дали ќе му бидат одредени мерки за обезбедување присуство, ќе се изјасни охридското обвинителство.
Тој бил баран по централна потерница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда, велат од полицијата. За апсењето најпрвин извести бугарската фондација „Македонија“, тие објавија и слика од приведениот битолчанец. Првото рочиште за случајот со Пендиков е закажано за 28 февруари. Првоосомничениот по 30 дена притвор, е пуштен дома, но му е одземен пасошот.