

Стружанец шест години чека надомест на штета, откако бил искасан од глутница кучиња.
Основниот суд во Струга донел правосилна и извршна пресуда за надомест во висина од 152 000 денари, но се уште не му е исплатена, оти Комуналното претрпијатие немало пари.
Со секојдневен страв, трауми и длабоки лузни по телото, вели правдата ќе ја бара во Стразбур.
-„ Немаме пари, викаат. Не знам дали треба да си партиски војник за да наплатиш или што е работава. До ден денес никој нема добиено пари. Има и други случаи после мене и тие не можат да наплатат баш контактирав“, вели Драган Пејоски од Струга.
Нападот се случил во 2016 година утрото кога одел на работа. Десеттина чучиња го нападнале и касале по телото, завршил со тешки повреди во болница.
-„Цела глутница ме паднаа на земја и почнаа да ме касаат сегде по телото.Јас само се штитев на вратот. Викав помош но немаше никој оти беше рано. Во моментот од зградата излезе еден дечко и почна да мавта со чадорот и ме куртули“, раскажа Пејоски.
Струга е една од општините со најголем број бездомни кучиња. Според слободните проценки, по улиците ги има стотици, проблемот се провлекува со години, а бројот на жртви расте. Пред десеттина денови конечно локалната започна акција за хуман третман на бездомните кучиња.
Новинар Соња Рилковска