

Деновиве се одвиваа градежни активности за асфалтирање на патниот правец Охрид – с. Орман кај Алтанин мост.
-„Оваа делница беше оценета од страна на службите како критична и веднаш се пристапи кон санација“, информираат од општина Охрид.
Од понеделник активностите за асфалтирање продолжуваат на улица “Никола Петров Русински” во урбана заедница Воска – Даљан.