
Почесниот конзул на Р Србија од Охрид, Михајло Филев присуствува на саемот за туризам во Белград.
Филев вели се остварува плодна соработка на полето на туризмот.
-„Ги поздравувам и подржувам со сите потенцијали заедничките проектите помеѓу Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија и Р.Србија кон нивна реализација. На Саемот за туризам во Белград 2023 беа потврдени следните конкретни чекори за уште подобра соработка: договорени презентации на македонските и српските туроператори и B2B средби во Април; информативни патувања на медиумите од Србија во Македонија; први подготовки со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков за презентација на Охрид во Белград во втората половина од Април; посета на студентите за туризам од УТМ – Скопје“, информира Филев.
Можат слободно да се резервираат авио билети за Авионската линија помеѓу Белград и Охрид која стартува на 5ти Јуни 2023 со четири повратни летови неделно. Се очекува да продолжи растот на туристи од Србија и зголемување на ноќевањата за 30% во 2023 година.