

По повеќечасовна битка , локализиран пожарот во охридско Лакочереј. Според информациите, изгорена е голема површина на треска, во која егзистираат голем број на птици и животни.
Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имаше опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири часа.
-„Тппе Охрид во текот на денешниот ден интервенираше на два пожари на отворен простор.
Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат ! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати ! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца“, информираат од ТППЕ Охрид.
Жителите во околината повеќе часови синоќа беа без струја.
ВИДЕО
https://www.facebook.com/637801606253183/videos/236230895497727/