
Утрово лажна дојава за бомба и во Основниот суд Охрид.
-„СВР Охрид ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од Основниот суд во Охрид по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа. Притоа, утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа е извршена и детална проверка од тим за антитерористичка проверка и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Делот од улицата „Македонски просветители“ е затворена за сообраќај и минувачи.
Секојдневните дојави за бомби во училиштата и државните институции траат со месеци во земјава.
Ова е прва дојава за бомба во Основниот суд Охрид, пред извесно време лажна дојава за бомба имаше во ОЕМУЦ „Св, наум Охридски“.