Во петок повторно изведба на претставата „Енергични луѓе“

Поради зголемениот интерес на претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, на репертоарот повторно ќе биде изведена во ПЕТОК 03.03.2023 година, со почеток во 20.00 часот.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани