Почнува судскиот процес за Пендиков

Во Основниот суд Охрид денеска почнува  судењето за случајот Пендиков, претепаниот секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети.

На обвинителна клупа треба да седне Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по нападот, а според обвинението, тој, заедно со битолчанецот, од омраза поради националната и етничката припадност, тешко телесно го повредиле Пендиков.

Но се уште е неизвесно и дали на судењето ќе се појави Пендиков кој е во Софија. Според процедурите тој ќе треба да изврши препознавање на напаѓачите, а со цел да му достави покана на Пендиков, охридското обвинителство преку бугарските власти  се обиде да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.​​

-За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок, појаснија од обвинителството.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани