
Ќе се реконструрира Специјалната болница за нефрологија во Струга. За прв пат ќе има поголеми инвестиции за подобрување на условите. Со 24 милиони денари ќе се менуваат подовите, модернизираат операционите сали, дограмата и комплетно ќе се реновира одделот за Холидеј дијализа.
Според проектот болницата ќе добие и фотоволтаици и централно снабдување со кислород.
-„ Еден објект со високо реноме во минатото заради годините и дотраеноста во некој домен дотрошен за да го одржиме тоа реноме и квалитетот на здравствените услуги кои овде се пружаат да озовможиме логистички услови за да продолжат“, искави минсиетрот за локална самоуправа.
-„И понатаму со идни проекти кои што ќе донесат добро за граѓаните, за развој на здравствен туиризам, холидеј ин дијализа , за подобрување на условите а пациентите што се кај нас на дијализа“, додава д-р Попоски.
Објектот е изграден во 1984 , а изминативе 4 децении немало поголеми градежни зафати, реконструиран е само покривот.
-„Се прави комплетна реконструкција, кров столарија, фасада, подови, ѕидови и таму се поставува и греење и климатизација , громобранска инсталација но имаме и набавка на апарати за хемодијализа“, вели Мирјана Лозаноска директор на центарот за развој на Југозападен плански регион.
-„Нефролошката болница добива средства со кои на некој начин ќе има подобри услови за работење на сите вас но и подоби услови за пациентите“, рече градоначалникот Рамис Мерко.
Специјалната болница за нефрологија Струга опслужува до 200.000 пациенти од целиот регион, а редовно 110 лица се на хемодијализа.
Новинар Соња Рилковска