Општина Охрид: Водовод ниту барал, ниту може да бара поскапување на водата

Доколку Левица се сериозна политичка организација како што милуваат да сеп рокламираат, чесно би било партијата Левица да го повика нивниот член од

Управниот одбор на ЈП „Водовод“ и истиот подробно да им го објасни бизнис
планот на претпријатието кој го гласал, стои во реакцијата на општина Охрид.
-Доколку се сериозна организација, како што не се, нема да ја манипулираат јавноста со цел прибирање на ситни политички поени, а нивниот гнев ќе го насочат на вистинската адреса. Јавното прептријатие „Водовод“ согласно закон и бизнис план, доставува информација за вкупните расходи и приходи врз чија основа Регулатрона комисија утврдува цена на водата. Од информацијата до Регулаторна комисија јасно сегледа, а тоа може да им го потврди и нивнио член од управниот одбро на Јавното претпријатие, дека во делот расходи едниствено зголемување има во однос на електричната енергија, за што Градоначалникот Кирил Пецаков постојано апелираше до надлежните институции за излегување во пресрет со енормното зголемување на цената за електрична енергија. Во делот на ставката за вработени во изминатиотпериод таа се намалува, стои во реакцијата на општина Охрид.
Оттука како заклучот може да се извлече дека ЈП „Водовод“ нити барал, а нити
има можност да бара било какво покачување или намалување на цената на водата за пиење. Тоа е одлука на Регулаторна комисија, а нивната одлука ЈП „Водовод“ мора да ја почитува.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани