

Вевчани прва зелена дестинација во земјава.
Вевчани е значајна туристичка дестинација, која како национален бренд е позната низ светот. Вевчани е заштитено подрачје во категоријата Споменик на природата поради своите зачувани, трајни природни вредности. На оваа низа епитети додаваме уште една:
-Вевчани е прва македонска зелена дестинација! Ова значи дека Вевчани влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки. Во периодот што следува ќе се запознаваме со значењето на оваа титула, информира градоначалникот Спасе Кочоски.