
Претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски за петок 03.03.2023 г. е РАСПРОДАДЕНА, на репертоарто повторно поради зголемен интерес ќе биде изведена во ПЕТОК 17.03.2023 година, со почеток во 20.00 часот.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Без резервации.