Охридски Комуналец самостојно ја одржува депонијата во Буково

Во рамките на ЈП Охридски Комуналец Охрид функционира oдделението депонии кое ја одржува и оперира депонијата Буково.

-„На Депонијата Буково се депонира комунален отпад од домаќинствата и од правни субјекти кој се подигнува од територијата на општина Охрид. Расчистувањето на комуналниот отпад на депонија Буково, односно одржување на депонијата Буково ја врши ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид со градежна машина – Булдожер, специјално набавена за таа потреба“, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Во изминатиот период услугата – одржување на депонија ја извршуваа други фирми а услугата беше согласно јавна набавка. Со набавката на градежната машина – Булдожер јавното претпријатие самостојно се грижи за одржување на депонијата, а покрај тоа, што е од посебна важност од финансиска гледна точка, се заштедуваат финансиски средства кои во изминатиот период беа насочувани кон други правни лица кои ја извршуваа таа услуга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани