
Со пари од ЕУ ќе се поттикнуваат туристичките еко бизниси во Струга
Ќе се поддржуваат туристичките еко бизниси во Струга и Поградец. Целта е подобрување на туристичката инфтраструктура преку вложување во зелени бизниси за заштита на животната средина. Поголема промоција на природното и културното наследство, историските знаеменитости, како и привлекување на што повеќе туристи.
Субвенции за поставување соларни панели и подобра енегретска ефикасност ќе добијат 40 компании од туристичкиот сектор во двете погранични општини.
-„Да ги слушнеме еко бизнисите и нивните потреби кои што ги имаат. Како проект следна активност ни е инсталација на 40 соларни панели, по дваесет во секоја општина, во Струга и Поградец“, вели Кристина Најдовска Илиевска проект менаџер.
Интересот кај стопанствениците е голем, особено во време кога поголемиот дел од хотелско угостителските компании се соочуваат со предизвиците од енергетската криза.
– „Интересот беше изненадувачки голем. Велам изненадувачки затоа што не сме имале многу интерес за други проекти, но за ова мислам дека има бидејќи поскапувањето на струјата е многу големо и со средствата што ги имаме колку што можеме ќе им олесниме“, изјави Албрим Положани од секторот за туризам Струга.
-„Бизнисот да биде еко или да има потенцијал да биде еко, да биде мал бизнис, од областа на туризмот, односно туристички провајдери и агенции, хотели, угостителски објекти“, појаснува Илиевска.
Проектот „Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство-COOLTOUR“, започна да се реализира во јануари лани, а ќе трае до крајот на идната година. Финансиран е од Европска унија преку програмата на ИПА II за прекугранична соработка.
Новинар Соња Рилковска