Цвеќе за жените пазарџии во Градскиот пазар Охрид.
Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид, Александар Попоски,симболично во чест на празникот,како знак на почитување и внимание,подели рози на припадничките на понежниот пол.
-Ова е традиционална активност беше доделено цвеќе на нашите долгогодишни соработнички во градскиот пазар, како и на случајните минувачки кои беа затекнати денес околу градскиот пазар!
ЈП Градски Пазар Охрид го честита меѓународниот ден на правата на жените и ја поздравува улогата на жената во сите аспекти на животот, велат од јавното претпријатие.