На саемот за туризам во Берлин потпишан Меморандум за развој на еко одржлив туризам.
Во оваа насока директорот на АППТ, Љупчо Јаневски и Алберт Салман, претседател на Green Destinations-сертифицирана и наградувана програма за имплементирање на практики за развој на одржлив туризам од Холандија, во рамките на ИТБ Берлин потпишаа Меморандум за соработка.
-„Дестинациите ширум светот се обидуваат да го направат туризмот поотпорен и одржлив, со тоа што ќе дадат позитивен придонес за локалната заедница и животната средина. Во периодот што следи ќе се спроведат акциски програми и со заедничка работата ќе се имплементираат алатки и практики за одржливост на дестинацијата, поддршка на локалното производство, како и подигнување на свесноста за еко дестинации преку споделување на искуства и знаење од други зелени и еколошки региони“, информираат од АППТ.