Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга

Касарна Хаб  организира Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга.

Поканата се однесува на сите средношколци над 15 години и студенти кои бараат сезонска работа.

-„Ова е фантастична можност да се вработите во некој хотел или ресторан и да стекнете драгоцено искуство во туризмот. Бараме ентузијастички и пријателски настроени луѓе кои сакаат да работаат со туристи од различни култури. Како сезонски вработен, ќе имате можност да работите како угостителски персонал, во ресторан, во кујна, на плажа и слично“, – информираат од Касарна Хаб.

Некои од барањата за овие позиции вклучуваат пријателска и позитивна личност, одлични комуникациски вештини. Претходно искуство во туристичката индустрија е плус, но не е задолжително. Потребно е да имате добри комуникациски вештини, познавање на англиски е неопходно за некои позиции и подготвеност да се работа во смени, за викенди, со флексибилно работно време.

-„Се нудат конкурентни плати, бакшиши, забавна и динамична работна средина и можност за стекнување многу нови познанства во целиот свет. Доколку сте заинтересирани да аплицирате за една од нашите сезонски позиции, ве очекуваме на 24-25 март во Касарна Хаб од 12 до 18 часот. Очекуваме учество на 30-тина туристички и угостителски бизниси од Охрид и Струга. Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да работите во возбудливиот свет на туризмот додека сте на летен распуст“,  информираат организаторите.

Саемот ќе се одржи на 24 и 25 март од 12 до 18 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани