Се очекува замрзнување на цените на тестенините и млечните производи

Од денеска се очекува одлука за  замрзнување на цените на тестенините и на млекото и млечните производи. Ова вчера го најави министерот за економија Крешник Бектеши по разговорите со увозниците и производителите на кои им остави рок до денеска сами да ги намалат цените.
Со одлуката што се очекува да ја донесе Владата ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата,…

„Граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени, не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде што ќе ни покажуваат анализите дека имаат поголеми профити или пак маржи од тоа што е редовно, што значи дека над 10 посто ќе има намалување во делот на тестенините, во делот на млечните производи ќе оставиме до утре, зашто гледам и самите ги намалуваат а ги повикувам до утре да направат исти чекори како што направија одредени компании.“, рече Бектеши.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани