По трет пат се одложи судскиот процес за родилката од Дебар

По трет пат се одложи судскиот процес против тројцата гинеколози за случајот со родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, која при царски рез во болницата во Струга остана без три органи- бубрег, матка и јајник.. Денеска одлагањео беше поради отсуство на адвокатот на третообвинетата лекарка. .Веапоска вели како одминува времето, таа се чувствува се полошо и физички и психички, а дополнително е изложена на трошоци за секое доаѓање на рочишта во Основниот суд Струга.Но, вели не се откажува од барањето правда.

-„Сметам дека ова е само долагање и купување на време. 0407После сето тоа имав уште еден оперативен афат се лекувам на психијатрија се повеќе и повеќе ми се влошува здравјето и физички и психички“, вели Јилдаз Веапоска- оштетената родилка од Дебар

Во случајот обвинети се тројца гинеколози од Струга,кои се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што при породување поради лекарска грешка на Веапоска и ја иоштетиле бубрежната артерија. Адвокатот вели очекуваат да се забрза судскиот процес.

-„Многу време одминува по однос на ова судење, очекувам од следното рочиште да се убрза целокупниот процес и ке додјеме до првостепена пресуда во најбрз можен рок“, вели адвокатот на оштетената Сашо Јанев.

Досега е одржано само едно рочиште во јануари, кога сведочеше оштетената – медицинската сестра Јилдаз Веапоска, таа низ солзи раскажуваше за целата голгота која ја минала во болницата во Струга. Тогаш докторите Мухамед Асани,неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска кажаа дека не чувствуваат вина.
Следното рочиште е закажано за 09 мај.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани