Кривична за родителите на повреденото 16 месечно дете од Струга

Родителите од Струга ќе одговараат за запуштање и малтретирање дете. Поднесена е кривична пријава за 16 месечното дете кое со тешки повреди беше пренесено во Специјалната болница Свети Еразмо Струга а потоа на операција во скопските клиники.

-Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(25) и неговата вонбрачна сопруга А.И.(21), двајцата од Струга. На 12.02.2023 околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани