Двајца стружани истепале сограѓанин.
-„На 12.03.2023 година во 04.20 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.У. и К.М. врз А.Ш.(43), сите од Струга. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на СВР Охрид.