Советничката Леона Кичеец поднесе неколку иницијативи до Советот на општина Охрид

Советничката Леона Кичеец од Охрид пред се поднесе повеќе иницијативи на денешната седница.   Една од иницијативите е санирање и репарирање на објектот –   ТЦ Амам, од надворешната страна , сообразно со автентичниот изглед на самиот објект и поставување на информативна табла за неговото историско и културно значење.

-„Имајќи ги предвид местоположбата на самиот објект кој се наоѓа во самиот центар на градот, како и неговото историско и културно значење и дополнително, неговото значење како единстевн функционален објект со својство на трговски центар на територијата на Општина Охрид, сметам дека санирањето и репарирањето на објектот е од особено значење за градот и комплетирње на изгледот на ул. Македонски Просветители во целост. Дополнително, со поставување на информативна табла во близина на самиот објект би се овозможило информирање за самиот објект“, неговата архитектонска вредност и историско значење, појаснува Кичеец.

Друг предлог на советничката Кичеец е отпочнување на постапка за евидентирање на инфраструктурните објекти во сопственост на сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид, јавни претпријатија во државна сопственост како и приватни субјекти-сопственици на инфраструктурни објекти.

-„На овој начин самите јавни претпријатија, кои и така се наоѓаат во отежната финансиска состојба, преку евидентирање на инфраструктурните објекти во нивна сопственот би имале многу поедноставен и поекономичен преглед врз потенцијалните загуби на самите претпријатија од неидентификувани дефекти. Исто така, со отпочнување на оваа постапка и задолжување на горенаведените ентитети за ваква евиденција, понатаму би се овозможило запишување на сите инфраструктурни објекти во сопственост на јавните претпријатија основани од Општина Охрид, јавни претпријатија во државна сопственост како и приватни субјекти сопственици на инфраструктурни објекти во Катастарот на инфраструктурни објекти“, вели советничката Кичеец.

Третиот предлог на Кичеец, е отстапување и прилагодување на простории за младински музички бендови во склоп на Касарната.

-„Со оглед на постоењето на многу средошколски и младински музички бендови во Општина Охрид и недостатокот на простории кои тие би можеле да ги користат за вежбање од една страна, а од друга страна имајќи ги предвид капацитетите на Касарна Охрид, сметам дека би било од особено значење за оваа категорија на млади луѓе да се овозможи една таква просторија која ќе биде соодветно звучно изолирана и дополнително, би била снабдена со потрените музички инструменти“, појаснува Кичеец.

Иницијативите се дадени на обработка на службите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани