

Само за четири часа казнети 56 возачи за небезбедно престигнување.
-На 13.03.2023 во периодот од 07 до 12 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале и санкционирале 56 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на небезбедни и непрегледни места, каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-36, Струга-13, Кичево-04, Дебар-03), информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.