Невладините ќе бараат одземање на ингеренциите на општинските совети во однос на висококатници

Охридскиот регион изминативе 30 години е заложник на одредени партиски влијанија и бизнис интереси, обвинуваат невладините. При тоа најмногу трпи културното и природното наследство.
Невладините од земјава ќе бараат од Унеско да ги одземе ингеренциите на советите во двете општини Охрид и Струга во однос на урбанистички планови за висококатници. Овој предлог се однесува на одлуки во заштитеното јадро, на брегот на Охридското Езеро и заштитената зона.

-„Не за индивидуалните објекти, да му се одземат надлежностите во период да речеме од пет години да не може да носи урбанистички планови за висококатници. Урбанистичките планови неке ги преземе министерството за транспорт и врски како една надлежна институција која што посеопфатно и постручно ќе ги образложува тие детални урбанистички планови“, вели Никола Киселинов од невладината „Билјана“.

Друго клучно барање до Унеско е поднесено за комплексот Мауцкер, локалитет кој има решение за археолошки комплекс од 1998 година, а општинскиот совет донесе одлука за управување и оттуѓување на ова земјиште.

-„Овој комплекс е влезен и во програмата за управување кој што владата го донесе Хермелеја – археолошки локалитет. Е сега советот на општина Охрид во август усвои една одлука каде што се прифати една програма за управување со можност за оттуѓување и продажба на тоа земјиште по едно евро од квадрат. Ако ние почнеме да ги продаваме археолошките локалитети што ќе биде следно“, вели Киселинов.

Невладините очекуваат уште повеќе забелешки од страна на реактивната мисија на Унеско која се очекува да го посети Охридскиот регион во мај, откако во февруари заврши рокот за спорведувањето на препораките.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани