

Урбанизацијата, дивоградбите и загадувањето се најголемата закана Охридскиот регион од заштитено подрачје под УНЕСКО, да се најде на листата на светско наследство во опасност. Активистите се погласни општина Струга не презема никакви активности. Не е изработен регистар на дивоградби, кои според неофицијалните проценки ја надмина бројката од 1000.
Продолжува претераната урбанизација, но и узурпација на атрактивните локации на крајбрежието.
-„Во Струга имаме многу стручни и критични проблеми во однос на сите препораки. Тоа што јас би го потенцирал е хаотичната состојба на целиот систем и на општините и на Владата“ , вели Ндерим Положани од невладината „Капс“ Струга.
Потребна е итна ревитализација на блатата и поголема заштита на трската. Невладините апелираат, на поголема соработка од страна на општинските власти за заштита на природата.
-,Потребна е добра волја од страна на надлежните за да ја сочуваме и природата и Охридското Езеро но и да се воведе ред во урбанизацијата. Мора да се среди, мора и крајбрежието да има план за по тој план да се развива регионот, бидејќи ние во овој регион туризмот го имаме како најголем придонес во економијата“, додава Положани.
Невладините, кои заеднички настапуваат, најавија дека од Унеско ќе бараат одземање на ингеренциите на општините за носење на планови за висококатници. Од општина Струга, пак велат во заштитената зона нема дивоградби.
Новинар Соња Рилковска