ЈП Еремија – Вевчани со низа активности на терен

ЈП Еремија Вевчани со низа активности на терен. Заврши изградбата на новиот крак на водовод на улицата Млака.

-„Изминатиот период беше решено запушување на канализациони линии на главниот пат на самиот влез во општина Вевчани. Апелираме до корисниците да не се фрлаат несоодветни предмети во канализација. По налог и инвестиција на Општина Вевчани, ЈП Еремја заврши со изградба на нов крак на водоводна линија на потегот од патот Млака према патот за Црква Света Варвара“, информираат од ЈП Еремија.

Можно е да е слика од дрво и природа
Вевчански извори, како главна туристичка атракција  се постојано осветлени. Изминатите денови  беше извршена промена на сите сијалици и рефлектори со нови, кастрење гранки од патеките, санирање на дел од оштетената ограда.

Можно е да е слика од надвор и дрво
Се уредува зеленилото и се одржува хигиената во општината.

-„Уредување и кастрење гранки на липите во дворот на Мултикултурниот Центар во центарот на Вевчани.
Чистење односно порамнување и пробивање на депонијата од шут и смет, што се депонира кај црквата Свети Димитрија.Собирање на отпад и чистење на регионален пат на потегот од “Суво поле” до влезот во Вевчани.
Акцијата за чистење на дел од тротоарите, расчистување на ѓубре и кастрење гранки покрај главниот пат во близина на автобуската станица Бералиште“, информираат од јавното претпријатие.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат, надвор и дрво

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани