
Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола ќе биде избришан од Централниот регистар. Владината Комисија за именување на денешната седница даде негативно мислење за употребата на името на оваа контроверзна личност.
Oд бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид, поднесоа барање за промена на името, но не комплетно-велат од Централниот регистар.
-Ве информираме дека Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во Известувањето , во согласност со Законот за здруженија и фондации. За донесената одлука Централниот регистар ќе го извести и Министерството за правда, за негово понатамошно постапување.
Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола
Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола. Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.
Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество.
Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.