
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијатана општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува во текот на секоја година. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина, со организирањето на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.
Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.
-„Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид, денес 17 март, со почеток во 13:00 ч., на која Ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2022 година“, информираат од Црвен Крст Охрид.