Во Охрид нова рунда разговори меѓу Србија и Косово

Големи очекувања и оптимизам пред новата рунда разговори меѓу Србија и Косово коишто треба да се одржат утре (18 март) во Охрид, во период кога високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, престојува во регионот.

Најавите се дека средбата  во Охрид ќе биде фокусирана на Анексот за имплементација на европскиот предлог за договор, а очекувањата се дека таа ќе резултира со далекусежно постигнување нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак вели дека прифаќањето на европскиот предлог претставува позитивна порака.

„Сега е потребно да се фокусираме на анексот за имплементација на Спогодбата за нормализација на односите, што ќе биде главна тема на претстојната средба во Охрид“, во изјава која што ја пренесува дописникот на МИА од Белград.

За да се имплементира договорот, според него, треба да се одреди редоследот на следните чекори, како и роковите и кој што треба да направи.

„Откако е прифатен договорот, ние сме фокусирани на анексот за имплементацијата на Спогодбата, кој е клучен елемент, посочи Лајчак на онлајн-конференцијата Европа и Русија на Балканскиот фронт, организирана од Италијанскиот институт за Меѓународни политички студии (ИСПИ).

Лајчак при последната посета на Приштина и Белград ги слушнал мислењата на двете страни за анексот. Сигналите по тие средби се дека во Охрид ќе се подготви „нова консолидирана верзија на анексот врз основа на оригиналниот текст“.

Целиот текст на ДојчеВеле

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани