Во ,,Св. Еразмо” извршена првата операција на рбет со најновата генерација роботски микроскоп

Во Специјалната болница за ортопедија Свети Еразмо Охрид извршена првата операција на рбет со најновата генерација роботски микроскоп.

-„На 15 март имавме чест да тренираме и да ја извршиме првата операција на рбет со најновата генерација на роботски микроскоп. Чувството беше неповторливо да бидеме рамо до рамо на најголемите  центри. Нашата болница- Св. Еразмо, со над 120 вертебролошки и операции на нерви и операции на отворен мозок е рамо до рамо со клиничкиот центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува времето на операции. Нашите луѓе и ние како оператори го заслужуваме тоа. Се надевам дека наскоро и ние ке набавиме ваква апаратура со што би се вброиле во редот на најсовремените центри од ваков вид во европа, вели д-р Митре Милошески неврохирург.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани