ФОТО+ ВИДЕО: Во струшка нефрологија бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања

Во Специјалната болница за нефрологија Струга денес бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.

Нема достапен опис
Голем број граѓани ја искористија можноста да направат прегледи со мерење на крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина. Од болницата велат дека врз основа на овие параметри првично може да се следи дали некој потенцијално болен има некој здравствен проблем со бубрезите.
Според лекарите најважно е рано откривање и третман на бубрежните заболувања.

Нема достапен опис

-„На 9-ти март беше одбележан Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здравје на бубрезите за сите- да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите“. Нашата болница стои на располагање во секој момент во поглед на сите бубрежни болести, уролошки заболувања и други превентивни прегледи. Интересот денеска е голем а следниот скрининг ќе го направиме на отворено“, вели директорот на струшка Нефрологија, д-р Александар Попоски.

Нема достапен опис

Граѓаните добија и препораки и совети за здрав начин на живот. Посебен начин на исхрана, редовни прегледи, соодветна терапија и физичка активност се основите за здрави бубрези, советуваат лекарите, кои на пациентите им делеа и едукативни фалери.

Нема достапен опис

„За да останат бубрезите здрави се препорачува физичка активност и вежби, мерење на крвен шеќер, мерење на крвен притисот и негова регулација, пиење на многу течности посебно вода, здрава и правилна исхрана, да не се земаат лекови без препорака на лекар и секако да се остават цигарите“, додава д-р  Попоски.

Нема достапен опис

Според статистиката во светот 850 милиони имаат некоја форма на бубрежна болест. Кај нас бројката на заболени е 150 илјади од кои еден процент се на дијализа. Најчести причини за хронична бубрежна болест се дијабетот и хипертензијата.

Нема достапен опис

ВИДЕО:

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани