Вонредни активности за уредување на Охрид пред утрешната средба во рамки на дијалогот Косово-Србија.
-Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец на терен пред одржување на утрешната средба во рамки на дијалогот Србија-Косово што ќе се одржи во Охрид
Се спроведува машинско миење на главните сообраќајници: потег сообраќајна клучка на влез од Охрид-бензиска станица Билјанини Извори и дел од магистралниот пат Охрид -Скопје до Св.Еразмо
На дел од магистралниот пат Охрид-Свети Наум и околното подрачје се чисти расфрланиот комунален отпад и се спроведува темелно метење и миење на јавните површини, информираат од ЈП Охридски Комуналец.