

Жител на Велешта доби кривична за вршење јавен превоз без лиценца.
-„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.И.(50) од струшкото село Велешта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. При контрола во патниот сообраќај извршена на 18.01.2023 година во соработка со сообраќаен инспектор од општина Струга, сопрено е такси возило „мерцедес“ кое пријавениот го управувал. Притоа, полициските службеници констатирале дека Ф.И. врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца за таа дејност, издадена од надлежен државен орган“, инфомрираат од МВР.