Мицковски од Охрид: Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат нема да има

По изјавите од Скопје на високиот претставник на ЕУ и еврокомесарот за проширување дека треба да помогнат сите македонски политичари и преговарачката рамка во иднина не може да се репреговара, Мицкоски побара од нив да имаат слух и за ставот на опозицијата. Според него условот од Бугарија е проблем создаден од СДСМ и ДУИ, а ВМРО-ДПМНЕ по следните избори е убеден дека ќе најде решение за продолжување на евроинтеграциите.

-Ние ги цениме изјавите и коментарите на европските дипломати и политичари, исто како што би ценеле пред да носат одлуки да не прашаат и нас како ВМРО-ДПМНЕ, но и да го прашаат народот дали се согласува../. ВМРО-ДПМНЕ не бега од разговори за иднината на македонскиот народ. – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Со сличен став е и поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев, сега советник Мицкоски… Тој за Канал 5 вели дека е очекувано меѓуанродните претстваници да посакуваат успешно затворање на секој пробелм, без разлика на квалитетот на тоа решение..

-Изјавата на Борел дека никогаш повеќе нема да добиеме нова преговарачка рамка е малку чудна, знаејќи го процесот како се пристапува кон ЕУ. Нашата правна рамка е Спогодбата за стабилизација и асоцијација и Копенхашките критериуми, Борел и Вархеји сигурно многу добро знаат дека кон Македонија е пристапено како со држава со попреченост, е сега ние треба да одбереме дали сакаме да останеме така или пак да се избориме за понатамошно чекорење кон ЕУ како сите други држави кои станале членки. – Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор во Бугарија

Вчера по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација Борел и Вархеји изјавија и дека со вметнувањето на Бугарите во македонскиот устав нема да се загрози македонскиот идентитет. За очекувањата на власта Македонија да стане полноправна членка на унијата до 2030 година, еврокомесарот за проширување одговори дека е оптимист, но се зависи од напредокот на земјава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани