

Денеска градоначалникот Пецаков со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски извршија обиколка на инфраструктурните проекти кои се реализираат во Општина Охрид.
Ги посетивме реконструкциите на средните училишта “Климент Охридски” и “Кирил и Методиј”.
Ги посетивме градежните активности на улицата “Ѓорче Петров” за целосна реконструкција. Во оваа фаза е изградбата на атмосферската канализација. Претходно се спуштија електричните водови под земја. Следува реконструкција на коловозната и тротоарската површина. Вкупната вредност на овој зафат е 13 000 000 денари. Средствата се во целост обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Ја посетивме и улицата “Марко Цепенков”, каде во тек е целосна реконструкција. Беше изградена нова атмосферска канализација и следува целосна реконструкција на коловозната и тротоарската површина.
Извршивме обиколка и на реконструкцијата на четирите детски игралишта кои во моментов се опремуваат со нови детски реквизити, информира градоначалникот Пецаков.