

Во недела на 26 март се менува часовникот и се преминува на летно сметање на времето.
Во 02:00 часот стрелките “одат” напред за еден саат и ќе биде 03:00 часот.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во месец октомври.