Паднал во шахта, наместо отштета треба да плати 200 000 денари судски трошоци

Охриѓанецот Илија Џепароски паднал во отворена шахта, се здобил со тешка повреда, поднел тужба против ЈП Нискоградба но наместо отштета Охридскиот судот пресудил дека тој треба да плати 200 000 денари судски трошоци.

Вели „ова е голема неправда“ и додава дека случајот го изгубил и во Апелација па наплатата е дадена на извршител.

 

„Пред една година на улицата Јане Сандански при разминување со луѓе паднав во отворена шахта и се здобив со повреди. Шест месеци поминав по болници, со лонгети и случајот го дадов на суд. Од ЈП Нискоградба се обидоа да се договориме но јас не прифатив. За жал во овој Суд сè уште има судии кои не ни дозволуваат да ја истераме правдата. Јас ги тужам за паѓање во отворената шахта, а спорот го губам“, вели Џепароски.

Нема достапен опис

За ваквата пресуда на судијата Богоја Стрезоски, кој го водел судскиот процес, Џепароски вели дека е преседан оти во Европа ваквите случаи се секогаш во корист на граѓанинот.

„Го изгубив спорот и сега треба јас да платам отштета на ЈП Нискоградба. Шахтата беше отворена а месец дена претходно тука падна една повозрасна жена. Шахтата година дена си стоеше отворена а судијата по брза и кратка постапка не ги зеде во предвид нашите докази, не ги зеде камерите од Рамстор. Повика само еден минувач кој ме креваше од шахтата. Пресудата беше, „требало да гледам каде одам“. Се жалевме во Апелациониот суд во Битола но апсурдот да биде поголем во пресудата стои дека шахтата била обезбедена“, раскажува Џепароски.

Нема достапен опис

Џепароски за ваквата неправда бара одговор од судијата и вештите лица дали доколку шахтата била затворена или обележана може минувач да пропадне во неа.

„Шахтата 60 тина сантиметри беше отворена а по два дена од несреќата беше санирана“, вели тој и додава дека за случајот се обратил до тогашниот министер за правда, Тупанчески како и до Адвокатската комора од каде, како што вели, добил одговор дека ваков случај до сега немало.

 

Џепароски најави дека ќе бара средба со претседателот на државата, министерот за правда и градоначалникот на Охрид за да докаже дека правдата е на негова страна.

Предметниот судија вели не е докажано дека повредите кај тужителот настанале од пад во шахта.

С. Вренцовска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани