

Се реконструира кујната во детската градинка во Вевчани.
-„Денес извршивме увид во градежните активности кои се изведуваат во ЈОУДДГ “Планински цвет” Вевчани.
Се работи на комплетна реконструкција на кујната во детската градинка.
Проектов е во соработка со Центарот за развој на Југозападен плански регион“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.