

Денес во просториите на Касарна хаб се одржа координативен состанок во кој беа вклучени повеќе засегнати страни од локална самоуправа од Поградец Албанија, Членови на локалните акциони групи ЛАГ, здруженија и невладини организации како од албанската така и македонската страна, претставници на Унеско, експерти за животна средина како и младински претставници и локални активисти.
Се со една цел заштита на природното и културно богатство na Охридскиот и Преспански регион,со акцент на целиот биодиверзитет што е затекнат во водите што се влеваат и излеваат во и од Охридското и Преспанското езеро.
На состанокот пред се, се разговараше за конкретни можни решенија за проблемите со кој се соочуваат граѓаните на Охрид Струга и Поградец, како и зачувување на нашите најголеми бисери Охридското и Преспанското езеро. Состанокот заврши со дочистување на Реката Сушица на потегот на улицата Радојца Новичиќ, со собирање на пластичниот матријал како и директна мини обука на учениците од Кочо Рацин организирано од зружението Енхелеус Лихнид.
Секој од присутните го кажа своето мислење од областа на својата експертиза, се согласивме дека имаме многу слични проблеми и дека заедно можеме барем да го поттикниме општеството на подобри промени се разговараше и за капацитетите помеѓу македонската и албанската страна.