

Верниците од исламска вероисповед од утре ќе почнат да го чествуваат светиот месец Рамазан. Возвишениот и свет месец Рамазан уште еднаш им овозможува на верниците да одговорат на Алаховата порака за постење, духовно воспитување, искрен морал, целосно просветување и прифатен ибадет и почит.
Рамазан е светиот месец во исламот бидејќи се верува дека светата книга на исламот Куран му била испратена на пророкот во овој период од годината. Деновите на Рамазан се менуваат секоја година бидејќи се пресметуваат со исламскиот хиџри календар кој е познат и како Лунарен календар. Деветтиот месец од лунарниот календар или Рамазан има времетраење од 29 до 30 дена. Почетокот на Рамазан се движи годишно за околу единаесет дена поради лунарниот календар. Оваа година Рамазан е помеѓу 23 март – 20 април 2023 година.