Земјотрес во Албанија почуствуван и во земјава

Ноќва во Албанија беше регистриран силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и девет километри од градот Ерсека, 95 км од Елбасан.

-Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија ноќеска во 02:43 часот, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот го почуствувале и жителите на пограничните региони во Македонија и во Грција. Потоа биле регистрирани и три послаби земјотреси, со јачина од 3,6, потоа 3,4 и 2,4 степени.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани