Вевчани работи на развој на одржлив туризам, откако стана првата зелена дестинација во земјава

Општина Вевчани започна со имплементација на препораките, откако стана првата  зелена приказна во земјава,  како дел од престижната листа на најдобрите топ 100 зелени дестинации  во светот.

Клучното на овој епитет и признание  е развој на еко  туризам и подигнување на свеста за заштитата на природата. Општината ќе го напушта масовниот,  а ќе се фокусира кон развој  на одржлив, рурален, рекреативен и активен туризам.

-„Заштитеното подрачје опфаќа голем дел и од планинскиот појас така што сите активности кои ќе се одвиваат, односно сите туристи кои што ќе доаѓаат ќе водат грижа за самата природа и за самата околина. Без да прават штета на природните ресурси“, вели Александра Велкоска туризмолог од Вевчани.

Првенствено ќе  се едуцира локалното насление, особено  туристичкиот сектор за  заштитата на природното богатство, но  и промоција на природните вредности во заштитеното подрачје.

-„Самиот епитет зелена дестинација привлекува таков тип на таргет на туристи, кои се грижат за природата, сакаат да уживаат во природата и би платиле дури и повисока цена со цел да уживаат во вистинските природни убавини“, додава Велкоска.

Општина Вевчани како прва одржлива дестинација во земјава, ќе биде модел кој ќе послужи како инспирација и во иднина ќе се преслика  во други дестинации низ државата.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани