

Мечка оштетила пчеларници во Рача, граѓани апелираат на поголемо внимание.
-Поголемо внимание и претпазливост на сите лица планинари, велосипедисти, сопственици на лозја, деца ученици и жители кои престојуваат и се движат јужно од населба Рача во Охрид
Денес повторно има активно движење, траги и оштетувања на на пчеларници од мечка.
Бидете крајно претпазливи се уште не е дефинирано дали се работи за една или повеќе мечки но истите се возрасни и не реагираат на вообичаени сензори и различни техники за заплашување, апелираат граѓани на социјалните мрежи.
Фото Фејсбук