Оптимистички најави за престојната сезона. 2023 година се очекува да се надмине бројката од 3,2 милиони ноќевања. Според прогнозите на АППТ за 20 до 40% се очекува раст на бројот на туристи од традиционалните пазари.
Годинава се очекува стабилизирање на туристичкиот пазар пост ковид и енергетската криза.
-„Тоа се должи на уште поголемиот интерес на тур операторите кои што соработуваме, новите линии кои се воведуваат и за Охрид и за Скопје. Но и новите пазари со кои што имаме одлични конекции. Но и се надеваме поголем број на кружни патувања дека ќе имаме во 2023 година во рамките на отворениот Балкан“, вели Љупчо Јаневски директор на АППТ.
Туристичкиот сектор веќе работи на збогатување на туристичката понуда, за привлекување на што повеќе туристи.Во фокусот треба да биде активен, еко, гастро и рурален туризам.
-„Силен фокус во ребрендирање на туристичката дестинација, саемските манифестации заедно со тур операторите , нудење на различен сегмент на туристичка понуда, бидејќи новата реалност во туристичката индустрија покажа сосема поразлично лице и поразличните интереси на туристите в о дестинацијата. Се прилагодуваме на промените, но создаваме и нови вреднсоти во туристичката индустрија со кои што во светски рамски се разликуваме од останатите дестинации“, истакна Јаневски.
Денес во Охрид претставници на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и тур операторите имаа работна средба.
Заклучокот беше дека во минатата – 2022 година исплатени се комплетно субвенциите кон тур операторите.