

Еколошка иницијатива, се чистеа рекреативните патеки околу Пештани и Елшани.
-Со цел да се поттикне месното население и сите љубители на природата правилно да се грижат за истата, членовите на АК Охрид ТрчаТи организатори на „PeshtaniExtremeVertical“ презедоа еколошка иницијатива за чистење на дел од тркачката патека и околината на Пештани и Елшани. Иницијативата резултираше со 14 вреќи тешко-разградлив отпад. Здружението ЕКО – ФАП се погрижи за транспорт на отпадот до соодветната локација, информираат од здружението „PeshtaniExtremeVertical“ .