

Воденичарството во изумирање. Во минатото имало 30, денес во Вевчани се слуша вртежот на старите воденички камаења на последната воденица.
Вевчани било познато во целата околина, жителите од регионот доаѓале тука да мелат жито.
Последната воденица која работи на Вевчанските извори е стара 150 години, денес меле и произведува пченкарно брашно, раскажува сопственичката на воденицата – 90 годишната Душанка Русеска од Вевчани.
-„Воденицата пстоела уште во турско време затоа што Македонија тогаш била под Турците. Свекрва ми ја наследи од мајка и и татко и кој бил комита. Порано работеа триесетина воднеици, денес само таа остана“, вели Душанка Русеска сопственик на воденицата.
Водениците во минатото биле главна економска гранка, а воденичарството основниот занает во Вевчани. Работата на воденичарите ја презедоа модерните мелници, а се помалку жителите во селата садат жито и пченка.
-„ Кога ќе донесат од другите села Мешеишта овде нема пченка посеано Народот не работи се е скапо прскање, орање, влечење и полето остана. Само неколку лозја се работаат “, вели Русеска.
Последната воденица на изорите во Вевчани денес повеќе е туристичка атракција.