Петнаесетдневен притвор за лицата од Струга кои силуваа малолетно девојче

15 дена мерка притвор одреди судот за силувачите од Струга кои во неколку наврати сексуално злоставиле 13 годишно девојче од струшко.Осомничени се тројца,од кои двајца повозрасни и еден малолетник во време кога го извршил делото.

,,Има решение од судија од претходна постапка со кое што е определен притвор од 15 дена за сите тројца осомничени.Во тек е рокот за жалби од 48 часа.Во моментов се одлучува за жалбите,едната е веќе усвоена од обвинителот и преиначена е на 30 дена притвор за еден од осомничените.”- велат од Основен суд Струга.

Од обвинителството велат предметот се уште е во фаза на истражна постапка.

,,Предметот е во фаза на истражна постапка против двајца полнолетни осомничени, додека за едно дете во судир со законот е поднесено барање за поведување подготвителна постапка пред судијата за деца во Основниот суд во Струга. Обвинителството за сите три лица поднесе предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството е прифатен и на лицата им е определен притвор. ” – информираат од Обвинителството.

Според досегашните обезбедени докази малолетното девојче во неколку наврати сексуално било злоставувано од двајцата повозрасни луѓе на 56 и 68 годишна возраст и еден тинејџер во текот на 2018 и 2019 година.

Тројцата осомничени се товарат за силување, прикажување порнографски материјал на дете и задоволување на полови страсти пред друг.

Адријана Митевска

24 Вести

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани